Здравје/ Убавина

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција

Прегледите ќе бидат реализирани во „Капитол мол“ на 21 ноември, по повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест - ХОББ, кој се одбележува под мотото „Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна“

вторник, 20 ноември 2018

По повод светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест - ХОББ, 21 ноември, кој се одбележува под мотото „Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна“, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите ќе организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на граѓаните. Прегледите ќе се изведат во среда во период од 11 до 14 часот во „Капитол мол“ во Аеродром, Скопје.

„Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ“, велат организаторите на настанот.

Тие додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но дека поради разни причини како начин на живеење или самата средина, препорачливо е сите кои се во можност да се проверат на бесплатните прегледи на 21 ноември.
 

Содржината е прочитана 35 пати.