Инфо

Духовна работилница „Miracle Ladies Workshop“ со Исидора Бјелица, Јована Хисмаер и Снежана Билко

Секој што ќе учествува на работилницата што ќе се одржи на 15 декември во хотел „Порта“ во Скопје, ќе добие два сертификати за духовен раст и развој

понеделник, 19 ноември 2018

Доколку сакате да направите промена во вашиот живот кон подобро и доколку сакате да ја напуштите зоната на комфорот во која сте долго време останати, искористете ја неверојатната и несекојдневна можност да бидете дел од целодневната духовна работилница „Miracle Ladies Workshop“ што ќе се одржи на 15 декември во хотел „Порта“ во Скопје.

За прв пат во Македонија на оваа сертифицирана работилници ќе имате можност да ги следите предавањата на големите и познати балкански имиња во доменот на духовниот и личен раст и развој, Исидора Бјелица, бестселер автор, најпочитуван автор во доменот на духовниот развој и коосновач на „Дуалната терапија“ од Белград, Србија, Јована Хисмаер, познат светски личен тренер и коосновач на „Дуалната терапија“ од Виена, Австрија и Снежана Билко, мотивациски говорник, духовен и личен тренер, основач на програмата „Трансформирај се и спознај се себеси“, автор од Скопје.

Работилницата е поделена во два дела. Првиот дел ќе биде по програмата ,,Трансформирај се и спознај се себеси“, а ќе го води Билко, додека вториот дел, којшто ќе биде по програмата „Дуална терапија“ ќе го водат Бјелица и Хисмаер. На крајот на денот е предвиден и интерактивен дел на кој присутните ќе имаат можност да им поставуваат индивидуални прашања на предавачите.

Организаторите ветуваат дека оваа работилница ќе ви го промени целиот живот кон многу, многу подобро и што е најважно од се, ќе ви отвори сосема поразлични хоризонти на гледање на нештата кон вашиот сопствен живот. Покрај со стекнато знаење и прекрасни и несекојдневни искуства, од работилницата ќе си заминете и со два сертификати за духовен раст и развој.

„Инвестирајте во себе, во својот личен раст и развој на вашата индивидуа зошто само на тој начин можете да станете едно самоспознаено и свесно битие кое ќе може да биде сам свој креатор на својот живот“, вели Снежана Билко.

Подателни информации околу работилницата може да се добијат на линкот http://bidivovortex.mk/?p=1518
Бидејќи местата за учество се ограничени, секој што е заинтересиран за работилницата треба навремено да се пријави и да си резервира место, за што е потребно да се изврши уплата на целокупната сума за целодневната работилница. По извршената уплата, потребно е да се потврди присуството, да се испрати доказ (фотографија) од уплатата, како и да се резервира местото со тоа што ќе се остават податоци (име, презиме и контакт телефон) на: bilkovortex@gmail.com или на тел: 077/866-922. 

За сите што ќе уплатат до 10 декември редовната цена изнесува 5.580 денари. За оние што ќе се пријават порано, пак, односно до 5 декември има промотивна акција и тоа за пријавени три пријателки/пријатели определен е попуст од 30 отсто и цената изнесува 3.900 денари, а за двајца пријавени цената е 4.470 денари.
 

Содржината е прочитана 236 пати.