Бизнис вести

Уникатни совети за продажба од Сем Вакнин

Тренингот за бихејвиористички техники на продажбата ќе се одржи на 24 ноември во МНТ во организација на Асоцијацијата на менаџери на Македонија

понеделник, 19 ноември 2018

Асоцијацијата на менаџери на Македонија заедно со проф. д-р. Сем Вакнин го организираат тренинг настанот „Експлодирање на продажбата“ што ќе се одржи на 24 ноември во Македонскиот народен театар во Скопје.

Поради големиот интерес за најуникатната тренинг агенда на која заинтересираните ќе можат да научат нешто што никој го нема слушнато, Асоцијацијата на менаџери ги повикува сите кои не биле досега во можност да се пријават, да го направат тоа на: info@amm.com.mk. Пријавувањето за тренингот полн уникатни совети се затвора на 23 ноември.

Организаторот појаснува дека пријавените ќе присуствуваат на првиот тренинг во светот за бихејвиористички техники на продажбата. Користејќи ги овие методи, тие ќе можат да постигнат „експлодирање на продажбата“. Во центарот на револуционерните техники на продажба проф. д-р. Сем Вакнин ќе оддели 6 часа за заинтересираните да можат да ги трансформираат своите кариери.
 

Содржината е прочитана 141 пати.