Инфо

Од утре директна авионска линија од Виена до Охрид

петок, 16 ноември 2018

Од утре ќе биде воспотавена директна авионска линија Виена - Охрид. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ утре попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена.

Предвидено е на аеродромот во Охрид првите патници од Виена да ги пречекаат Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за туризам и градоначалниците на Охрид и на Струга, Јован Стојаноски и Рамиз Мерко.

Покрај сезонските, ова е третиот директен редовен лет од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените летови кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но, поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.
 

Содржината е прочитана 184 пати.