Култура

Промоција на Толковен речник на македонскиот јазик

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“.

четврток, 29 октомври 2015

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“.

Промотори се проф.д-р Веселинка Лабровска и проф.д-р Лилјана Макаријоска.

Целта на проектот е да ја фиксира лексиката во современиот македонски јазик во дадениот општествено-историски момент. Толковниот или дескриптивниот речник е македонско-македонски речник, во кој заглавните лексеми се толкувани на македонски јазик.

Тимот што работел на реализација на проектот е оформен во 2000 година со формирање на редакција во состав: д-р Снежана Велковска како главен истражувач на проектот, д-р Кирил Конески главен редактор и д-р Живко Цветковски. Подготвителните работи за изработка на Толковниот речник на македонскиот јазик опфаќале оформување огромен број картотеки, кои опфаќале преку 3.000.000 единици.

Печатењето на проектот е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 509 пати.