Бизнис вести

Вкупниот промет во индустријата во септември зголемен за 14,7 отсто

петок, 16 ноември 2018

Вкупниот промет на индустријата во септември е зголемен за 14,7 отсто во однос на септември минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во однос на август годинава, пак, вкупниот промет на индустријата во септември пораснал за 16,4 отсто.

Пораст од 27,3 проценти има кај Капиталните производи, кај Интермедијарните производи, освен енергија за 10,1 отсто, Tрајните производи за широка потрошувачка за 5,3 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Податоците на ДЗС покажуваат дека прометот на индустријата за периодот јануари-септември е поголем за 12,4 отсто во споредба со истиот период лани.

На домашниот пазар прометот на индустријата во првите девет месеци од годинава има пораст од 1,3 отсто, а на странските пазари за 15,4 проценти. Додека во однос на август, прометот на индустријата на домашниот пазар паднал за 1,8 отсто, а на странските пазари за 23,2 отсто.

 

Содржината е прочитана 170 пати.