Инфо

Град Скопје почнува со присилна наплата на неплатениот данок на имот

Присилна наплата же се врши за неподмирен долг за период од 2013 заклучно со 2017 година

четврток, 15 ноември 2018

Градот Скопје започнува постапка за присилна наплата на неплатениот данок на имот за период од 2013 заклучно со 2017 година.

Од Градот им укажуваат на сите даночни обврзници кои имаат заостанат и неплатен долг, неодложно да ги подмират своите обврски, за да не дојде до присилна наплата.

Секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот.

„Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, даночниот обврзник може да се јави, односно лично да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 7:30 часот до 16:30 часот“, велат од Град Скопје.

Во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот на сите даночни обврзници.

„Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки“, информираат од Град Скопје.

 

Содржината е прочитана 238 пати.