Здравје/ Убавина

За прв пат во Македонија во ординацијата на ПЗУ „Др Горица“ - отстранување целулит со нова метода Лимфна дренажа

Лимфната дренажа има за цел да ги направи проодни лимфните садови и со помош на благ притисок да влијае на промената на ниво на ткиво, со што ќе се забрза транспортот на течности и ќе се олесни нивното исфрлање од меѓуклеточниот простор

четврток, 15 ноември 2018

Во ординацијата на ПЗУ „Др Горица“ за прв пат во Македонија проблемите со целулитот се решаваат со примена на новата метода Лимфна дренажа.

Целулитот неретко е именуван како болест на 21. век. Меѓутоа, од неодамна научните истражувања кои се спроведени за прв пат во последните неколку години во Бразил, докажуваат дека целулитот, всушност, не е болест ниту на сврзното, ниту на масното ткиво. Целулитот настанува поради пореметување на ниво на лимфните садови кои треба течноста од меѓуклеточниот простор да ја спроведат и да ја вратат во крвните садови и во крвотокот.

Најзаслужни за ова откритие на етиопатогенезата на целулитот се брачниот пар Годое и Годое од Сао Паоло. Лечејќи ги пациентите на нивната клиника по операција од карцином на дојка, со помош на лимфна дренажа со која го намалувале отокот на рацете на клиентите, по извесен период забележале дека има видливо намалување на целулитот и на обемот на нозете кај тие клиенти, иако биле третирани само рацете и вратот.Тоа ги поттикнало да спроведат едно опширно истражување и да го создадат најновиот и најефективниот начин на решавање на проблемите со целулитот, кој е наречен CFC LD (Cerviko Femoralna Cruralna Limfna Drenaza). 

Лимфната дренажа има за цел да ги направи проодни лимфните садови и со помош на благ притисок да влијае на промената на ниво на ткиво, со што ќе се забрза транспортот на течности и ќе се олесни нивното исфрлање од меѓуклеточниот простор. Лимфната дренажа секогаш се работи од периферија кон цетар.
До застој на лимфата доаѓа поради недостаток на движење, преоптовареност, механички пречки, слаби крвни садови, дисфункција на лимфните залисци.

Ефекти кои се постигнуваат со помош на Лимфна дренажа се постигнување ефикасна детоксикација на организмот, подобрување на венската циркулација, превенција и ублажување на отокот што настанува поради сила на гравитација, отстранување на тегобите кај уморни нозе, подобра исхрана и регенерација на ткивото, превенција и отстранување на целулитот, подобрување на вкупната состојба на имунолошкиот систем.

По што се разликува ЦФЦ ЛД од антицелулитните масажи

*Заснована е на етиопатогенеза на целулитот и се состои од неколку фази, во зависност од типот целулит што се отстранува
*Масажите се безболни и пријатни, без појава на хематоми
*Се елиминира вишокот вода од масните келии, екстрацелуларниот простор и лимфниот систем
*Се намалува воспалението на ретикуларните влакна
*Го регенерира оштетеното сврзно ткиво
*Дава побрзи видливи ефекти
*Кај секој клиент се прави индивидуален протокол
*Подобра е за здравјето на терапевтот

За да се постигнат подобри ефекти пожелно е лимфната дренажа да се работи парцијално, давајќи приоритет на најпроблематичниот дел. Исто така, пожелно е да се изведува за време на менструалниот циклус од 1. до 10. ден (по намалување на интензивно крварење, бидејки тестостеронот е тогаш најнизок). Потребно е клиентот да се придржува и до одреден режим на исхрана кај кој е забрането да се внесува се што е благо или солено под јазик, исто така е забрането конзумирање алкохол, посета на солариум и изведување физички активности.

Лимфната дренажа не се изведува кај клиенти кои имаат воспалителни процеси, канцер, воспаление на јајници, болести на срце, температура над 37 степени Целзиусови, зголемена седиментација, тромбоза.
CFC LD може да се комбинира и со други методи од естетската хирургија кои даваат дополнителни резултати, особено кај пациенти кои се во менопауза.
 

Содржината е прочитана 1759 пати.