Инфо

Нов сообраќаен режим кај ТЦ „Сити Мол“

Општина Карпош соопшти дека целта е да се обезбеди полесен проток на сообраќајот и да се намали сообраќајниот метеж околу „Сити мол“

среда, 14 ноември 2018

Општина Карпош во соработка со СВР Скопје почнува да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.

Како што соопшти Општина Карпош, целта е да се обезбеди полесен проток на сообраќајот и да се намали сообраќајниот метеж пред Трговскиот центар „Сити мол“.

„Овие промени се прават врз основа на сообраќаен проект за промена на режим на сообраќај на овој потег од општина Карпош. Така ќе се намалат проблемите во соообраќајот во овој фреквентен дел на Карпош, коj всушност, претставува тесно грло и кое предизвикува метеж во повеќе периоди од денот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Пренесено од МИА

 

Содржината е прочитана 190 пати.