Инфо

Grouper го најавува најголемиот Black Friday до сега, попустите веќе започнаа

Петок на 23 ноември ќе биде највозбудливиот ден во годината со најголемите попусти и до 90 отсто на најпосакуваните брендови и 500 подароци што може да се добијат со помош на Black Friday машината за подароци

среда, 14 ноември 2018

Од Grouper.mk, водечкиот сајт за групни попусти и лидер во е-трговија го најавија, како што велат највозбудливиот ден од годината, Black Friday (23.11.2018) и ветуваат избор од над 1.000 зделки со ултра ниски цени и луди попусти до 90 проценти, со ограничено времетраење и количини.

„Black Friday го сметаме за наш патронат и ден кога ги рушиме рекордите во продажби и посетеност. Минатата година само за 24 часа беа продадени над 12.000 купони, а посетите достигнаа над 130.000 во петокот. Веќе два месеци интензивно рабоиме на оваа кампања за да понудиме уште повеќе и уште подобро за сите наши корисници и соработници“, велат од Grouper.

Оваа година купувачката манија на Grouper започнa уште оваа недела заедно со Black Friday WARM UP зделките кои нудат неодоливи попусти кај неколку познати брендови. Од денес може да си бирате ексклузивни часовници на попуст во „Божиновски часовници и накит“, модерен пар есенски чевли во „Adam’s Shoes“ со 50 проценти попуст, или пак да си креирате персонализирани во „Dias“. Во текот на наредните денови очекувајте ги најголемите попусти на спортска опрема во „Sport M“, премиум попуст на дизајнерски очила во „Dioptra“ и гратис гориво за регистрирано возило од „Петрол Оил“.

За да биде приказната околу празникот на попустите уште поинтересна, Grouper тимот креираше Black Friday машина за подароци, каде секој може да врти и да добие некој од 500-те подароци, меѓу кои: 100 искуства и производи, 390 кобрендирани подароци и 10 патувања.

„Кампањата е поддржана од Mastercard, па со секое купување на Grouper зделка ви доделуваат вртење за поголема шанса, а исто така и со поканување на пријателите може да добиете уште вртења. Но во секој случај првото вртење е гратис за сите корисници“, велат од Grouper.

 

Содржината е прочитана 147 пати.