Бизнис вести

Македонија се подобра во условите за водење бизнис според „Doing Business“

Владата на вчерашната седница го усвоила извештајот на Светска банка според кој Македонија го подобрила својот ранг и се наоѓа на 10. место меѓу 190 држави во светот

среда, 14 ноември 2018

Македонија и годинава е лидер во регионот, четврта земја во Европа и десета во светот според условите за водење на бизнис. Од владината прес служба соопштуваат дека последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2019“, што Владата го усвои на вчерашната седница, покажува дека Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10. место меѓу 190 држави во светот.

„Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка утврдила подобрување кај два индикатора: добивање градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатора, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај шест индикатори, односно: започнување бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување на договори“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

 

Содржината е прочитана 156 пати.