Инфо

„Media Solutions“ и „Keep An Eye“ избираат најдобар сајт за 2018

Номинирањето за „Сајт на годината“ трае до 23 ноември, а гласањето ќе се одвива од 24 ноември до 9 декември, додека прогласувањето на најдобрите сајтови по категории ќе биде на 13 декември годинава во ЕУ Инфо Центарот

вторник, 13 ноември 2018

Дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“ и системот за онлајн реклами „Keep An Eye“ по 9 пат ја организираат манифестацијата „Сајт на годината“ на која ќе се избираат најдобрите веб сајтови во Македнија во повеќе категории.

Номинирањето за најдобар сајт за 2018 веќе во тек и трае до 23 овој месец, а гласањето ќе се одвива во перидот од 24 ноември до 9 декември оваа година.


Манифестацијата има за цел да придонесе кон развој на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севупното интернет издаваштво во Македонија.
Воедно, на манифестацијата ќе се доделат признанија на луѓето кои работат на развој на веб медиумите во Македонија. 

Од организаторот потенцираат дека манифестацијата предизвикува се поголем интерес кај јавноста и дестици илјади интернет корисници учествуваат во предлозите и во гласањето за најдобар сајт.

Секој што сака да номинира одреден сајт треба да се пријави на страната на Сајт на годината на http://sajtnagodinata.mk/pages/sites/add_site.php каде е обаснета постапката и правилата за пријавување. Откако ќе се пополнат полињата со потребните податоци, на маил стигнува известување со линк каде што ќе се одбере во која категорија се номинира сајтот.

Најдобрите веб сајтови за 2018 ќе бидат прогласени на 13декември 2018 година во 18 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

 

Содржината е прочитана 228 пати.