Здравје/ Убавина

Во „Др Горица“ - безболно и ефикасно отстранување на вирусни брадавици

Во приватната дерматолошка ординација „Др Горица“ се врши отстранување на брадавици, младежи, меки фиброми, капилари и кондиломи, со помош на радио бранови, што е моментално светска терапија број 1

вторник, 13 ноември 2018

Во приватната дерматолошка ординација „Др Горица“ се врши успешно безболно отстранување на вирусни брадавици со употреба на радио бранови.

Радио бранови се моментално светска терапија број 1 за безболно, бескрвно и естетско беспрекорно отстранување на младежи, брадавици, меки фиброми, капилари и кондиломи.

Во Македонија доста често се сретнуваат вирусни заболувања на кожата кои се манифестираат во облик на брадавици. Овие брадавици се доста контагиозни-заразни и можат да се пренесуваат на други особи. Друг начин на пренесување е автоинокулација, односно, тие на кожата на веќе контаминираниот пациент се расејуваат и им се зголемува бројот. Овие промени најчесто се јавуваат на вратот, под мишката, горниот дел на телото, очните капаци и на грбот. Промените можат да бидат поединечни, но најчесто се повеќе на број. Се сретнуваат кај пациенти од 20 до 50 годишна возраст, а кај децата се ретка појава. Промените се бенигни со вирусно потекло.


Видови на вирусни брадавици

Veruca vulgaris – се појавуваат секаде по телото, но може и на лицето

Veruca plane – се појавуваат на лицето, градниот кош и на стомакот

Papilomi - присутни се на вратот, под мишките и на препоните

Molluscum contagiosum – имаат облик на меурче или бубулица, доста се заразни и бргу се расејуваат

Condylomata acuminate (kondilomi) – полови брадавици кои се јавуваат на половите органи 

Бидејќи овие промени брзо се шират, потребно е нивно брзо отстранување. За нивно трајно елиминирање идеално средство се радио брановите. Докажано е дека радио брановите даваат подобри резултати од другите методи, како течен азот, термокаутер и кератолитици. Рецидивите се ретки, а процент на излекување 97%.

Отстранувањето на брадавиците е безболно, при што се користи анестезија во облик на крем, а потребен е само еден третман. Кај лекување на половите брадавици неопходно е лекување на двата партнери истовремено, бидејќи кондиломите се пренесуваат најчесто по сексуален пат.

Радио брановите минимално го трауматизираат ткивото, а лузните се незабележливи. Методата е безбедна и бескрвна, па дури може да се рече елегантна. Пациентите немаат чувство дека се подложени на хируршки зафат. Стресот од самата интервенција е многу мал и пациентите може веднаш после самата интервенција да продолжат со своите секојдневни работни и домашни обврски.

Брадавиците околу очите можат да се отстранат без било каков ризик за очите.
 

Содржината е прочитана 1034 пати.