Инфо

Бензините поевтинуваат за 4 до 4,5 денари, дизелот за 3 денари по литар

понеделник, 12 ноември 2018

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени на горивата во просек за 5,54 проценти. Поточно, од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензините се намалува за 4, односно 4.5 денари, додека на дизелот за 3 денари од литар.

Најголемо намалување има кај ЕУРОСУПЕР-95, дури за 4,5 денари и новата цена изнесува 67.00 денари од литар. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4 денари и еден литар ќе чини 69.00 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 3 денари и ќе се продава за 64,50 денари литар.

Поевтинува и екстра-лесното масло за домаќинство и тоа за 3,5 денари и новата цена ќе изнесува 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 2,281 денари и ќе се продава по 35,133 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 173 пати.