Култура

Новата сезона на францускиот кино-клуб ќе почне со филмот „Тимбукту“

Новата сезона на францускиот кино-клуб, кој го организира Францускиот институт во Скопје, ќе почне в четврток (29 октомври) со прикажување на филмот „Тимбукту“ на Абдерахман Сисако во Кинотеката на Македонија од 20 часот.

среда, 28 октомври 2015

Новата сезона на францускиот кино-клуб, кој го организира Францускиот институт во Скопје, ќе почне в четврток (29 октомври) со прикажување на филмот „Тимбукту“ на Абдерахман Сисако во Кинотеката на Македонија од 20 часот.

- Со проекцијата на овој седумкратен добитник на наградите Цезар 2015, меѓу кои за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио, се отвора и новиот циклус на ангажирана кинематографија, соопшти Францускиот институт.

„Тимбукту“ (2014) од филмската критика доби највисока оцена, Ле Паризјен го нарече „ремек-дело“, Либерасјон го окарактеризира како „моќен“, додека Ла Воа ди Нор како „силно и длабоко филмско дело“.

Пред проекцијата на филмот, ќе биде прикажано и краткото видео „Кутија“ на Коста Лазаров, победник на конкурсот „Моето прво минивидео“ организиран од Францускиот институт. Видеото беше изработено и прикажано за време на престојот на Лазаров на фестивалот OFF-Courts во Трувил, Долна Нормандија.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 464 пати.