Бизнис вести

Банкарите бараат да се одложи оданочувањето на каматите на депозитите до влезот во ЕУ

петок, 09 ноември 2018

Македонската банкарска асоцијација (МБА) не се согласува со предлогот да се оданочуваат каматите на депозитите на граѓаните од почетокот на 2020 година и бара оваа даночна реформа да се одложи до влезот на Македонија во ЕУ.

Ставот на банкарите е дека најавената реформа би можела негативно да влијае врз стабилноста на банкарскиот сектор, а со одложувањето ќе се задржи позитивниот тренд на штедењето, но ќе се обезбеди и свеж капитал за стопанството.

Што се однесува до прогресивното оданочување, МБА смета дека е потребна поширока расправа со вклучување на позитивни искуства од земјите каде ваквата мерка е веќе во примена.

Македонската банкарска асоцијација, во своето соопштение најави и дека ќе побара средби со Министерството за финансии за подетално да ги презентира своите ставови.
 

Содржината е прочитана 190 пати.