Инфо

До крај на годината треба да се исплати К-15

Регресот за годишен одмор оваа година изнесува минимум 9.665, а максимум 14.190 денари

петок, 09 ноември 2018

Вработените во приватниот сектор до крајот на годината ќе го добијат регресот за годишен одмор. Популарниот К-15 годинава изнесува минимум 9.665, а максимум 14.190 денари.

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 отсто од висината на просечната бруто плата.

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година. Доколку не го стори тоа, ќе добие парична или затворска казна.

К-15 им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на регрес, бидејќи тоа не е пропишано со Колективниот договор од 2010 година.
 

Содржината е прочитана 30 пати.