Инфо

Во недела изменет сообраќаен режим на повеќе улици

Привремениот сообраќаен режим што ќе трае околу час и половина се воведува поради одржувањ ена манифестацијата „Скопје на точак 2018“ и атлетската трка „13 Ноември“

петок, 09 ноември 2018

Во недела ќе биде изменет сообраќајот на повеќе сообраќајници поради одржување на две манифестации: „Скопје на точак 2018“ и атлетската трка „13 Ноември“. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведе во различни периоди од денот.

Од Град Скопје информираат дека во периодот од 12 до 12:30 часот, поради одржување на манифестацијата „Скопје на точак 2018“, ќе се воведе сообраќаен режим по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедското дефиле.
Возењето велосипед ќе се одвива по бул. „Илинден“ од фонтаната „Лотосов цвет“ до крстосницата со ул. „Љубљанска“ (кај „Сити Мол“), потоа по ул. „Љубљанска“ и ул.„ Московска“ (студентски дом „Гоце Делчев“), возењето продолжува по бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, преку ул. „Димитрие Чуповски“ и ул. „11 Октомври“, до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“. Караванот продолжува по бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Петков Мисирков“, кај ТЦ „Мавровка“ продолжува по бул. „Гоце Делчев“ и завршува на бул. „Илинден“ кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк.

Сите овие улици ќе бидат користени околу 30 минути и ќе бидат привремено затворени кога ќе се движи караванот, со исклучок на бул. „Илинден“, кој на потегот од фонтана „Лотосов цвет“ до крстосницата со ул. „Рузвелтова“ ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 11:45 до 12:10 часот.

Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број „8“ и „15а“ ќе бидат пренасочени по бул. „Партизански одреди“ и ул. „Франклин Рузвелт“ и понатаму продолжуваат по своите траси.

Вториот настан во недела е одржувањето на атлетската трка „13 Ноември“, поради која ќе се затворат неколку сообраќајници во централното градско подрачје во периодот од 15 до 16 часот. Трката ќе се одвива по следната траса: улица „Филип Втори Македонски“ од хотел „Холидеј Ин“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“, по улиците „11 Октомври“ и „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ (кај ТЦ „Палома Бјанка“).

Поради овој настан ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.

1. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број „50“ ,„57“ и „59“ од Бит-пазар ќе се движат право по бул. „Кочо Рацин“ („Југодрво“), ул. „Кирил и Методиј“ („Рамстор“) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев“ (зад Собрание), ул.„11 Октомври“, бул. „Кочо Рацин“ и продолжуваат по своите траси.

2. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број „3“, „3A“, „3Б“, „4“, „4А“, „5“, „7“, „15“, „15А“, „21“, „22“, „23“, „24“, „25“, „25А“ и „27“ ќе се движат по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (ТЦ „Рамстор“) и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев “(зад Собрание на РМ) и ќе продолжат по своите траси.

3. Автобусите кои ја опслужуваат линија број „16“ од Бит-пазар ќе се движат право по бул.„Кочо Рацин“ („Југодрво“) и ќе продолжат по своја траса и во двете насоки.

4. Во дадениот период автобусите кои ја опслужуваат линијата со број „17“ ќе бидат пренасочени преку бул. „Кузман Јосифовски Питу“, по бул. „Крсте Мисирков“ и ќе продолжи по својата траса.
 

Содржината е прочитана 45 пати.