Бизнис вести

Трет тендер за субвенциониран авиопревозник со олеснети услови

Во новиот повик се бара авиокомпанијата да воспостави две нови линии од двата аеродрома до 26 март 2019 година, а не до 10 јануари

среда, 07 ноември 2018

Министерството за транпорт и врски наредната недела ќе објави трет тендер за избор на авиокомпанија која ќе биде субвенционирана за да обезбеди евтини летови, но овој пат ги олесни условите. На вчерашната седница Владата ја усвои новата уредба со која се поместува рокот за воведување нови авиолинии.

„Ова е трет јавен повик за избор на авиокомпанија која ќе добие финансиска поддршка. Овој пат ги олеснивме условите, така што авиокомпанијата треба да воспостави две нови авиолинии од Скопскиот и две од Охридскиот аеродром до 26 март 2019 година, а не до 10 јануари како што беше претходниот рок“, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

И натаму останува непроменет условот авиокомпанијата што ќе ја добие субвенцијата да воведе уште два нови лета од Охридскиот аеродром во рок од една година од потпишување на договорот.

Новата тригодишна помош ќе изнесува 5 милиони евра.
 

Содржината е прочитана 26 пати.