Бизнис вести

Почна аплицирањето за финансиска поддршка за произведено и предадено грозје

Поддршка во висина од еден денар ќе добијат сите земјоделци кои произведеното грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“ го предале на регистриран капацитет на вино во Македонија

вторник, 06 ноември 2018

Денеска почна поднесувањето барања за финансиска поддршка за произведено и продадено грозје. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопштуваат дека финансиска поддршка од еден денар ќе добијат сите земјоделци кои произведеното грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“ го предале на регистриран капацитет на вино во Република Македонија.

Барањата моќе да се поднесуваат најдоцна до 25 декември оваа година. Земјоделците кои ги исполнуваат условите барањата може да ги поднесуваат и по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заедно со барањето треба да се достави и потврда за откупено грозје издадена од страна на регистриран капацитет за производство на вино.

 

Содржината е прочитана 69 пати.