Инфо

Катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ ќе се преименуваат во „26. Јули“ и „Беко“

понеделник, 05 ноември 2018

Две катни гаражи во Скопје ќе добијат нови имиња. Како што објави„Независен весник“ катната гаража „Македонска фаланга“ што се наоѓа спроти „Макпетрол“, во близина на трговскиот центар „Рамстор“ ќе се преименува во „26. Јули“. Поводот е 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот.

Втората катна гаража „Тодор Александров“, која е лоцирана на улицата „Даме Груев“ се предлага да се вика „Беко“, заради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“, која иако не постои, скопјани и натаму го користат нејзиното име за локацијата на која се наоѓа.

За предлогот за преименување на двете катни гаражи ќе треба да се произнесат советниците на Град Скопје, на седницата на Советот закажана за следната недела.

 

Содржината е прочитана 562 пати.