Инфо

Пуштени дополнителни 500 влезници за мечот Вардар - Барселона

Билетите од денеска може да се најдат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“. Цената е 150 денари

петок, 02 ноември 2018

Македонскиот ракометен шампион „Вардар“ на 11 ноември го пречекува големиот ривал, екипата на „Барселона“ во рамки на натпреварите во Лигата на шампиони.

Бидејќи билетите за седење натпреварот се одамна распродадени, раководството на „Вардар“ одлучи да бидат пуштени во продажба дополнителни 500 билети.

„Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 500 билети. Истите се за стоење и веќе се пуштени во продажба“, се вели во соопштението на „Вардар“.

Билетите од денеска може да се најдат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“. Цената на билетите е 150 денари.

Мечот меѓу Вардар и Барселона е прогласен за „дуел на неделата“ од страна на ЕХФ, па се очекува да има пеколна атмосфера во салата „Јане Сандански“ во Аеродром. Натпреварот почнува во 17 часот.

Утре, пак, црвено-црните ги очекува исто така незгоден противник. Во пресметка од шестото коло г групата А, во Скопје го пречекуваат Мешков Брест од Белорусија.

По пет рунди во Лигата на шампионите „Вардар“ има четири победи и еден пораз.
 

Содржината е прочитана 28 пати.