Бизнис вести

Безос изгуби 19 милијарди долари за два дена, но и натаму е најбогат човек во светот

Загубата на првиот човек на „Амазон“ е направена откако акциите на неговата компанија паднале за дури 14 отсто

четврток, 01 ноември 2018

Главниот извршен директор на „Амазон“ Џеф Безос изгубил 19,2 милијарди долари за два дена, додека акциите на неговата компанија паднале за дури 14 отсто.

Како што пренесува „Блумберг“, ова е најголемата забележана загуба во рок од два дена, со што Безос го урнал рекордот на првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, кој во јули изгубил 16,5 милијарди долари.

Сепак, и покрај огромната загуба Безос останува најбогат човек на светот со имот од 133 милијарди долари, што е за околу 40 отсто повеќе од второпласираниот на листата Бил Гејтс, чие богатство се проценува на 94,2 милијарди долари.

Но, по неколкуте лоши денови, богатството на Безос забележало благо опоравување на 31 октомври, кога заработил 5,4 милијарди долари по скокот на вредноста на акциите на „Амазон“ за 4,4 отсто.
 

Содржината е прочитана 27 пати.