Инфо

Објавени добитниците на наградата „13 Ноември’

среда, 31 октомври 2018

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје ги објави имињата на добитниците на Наградата за 2018 година. Годинашни добитници на највисокото градско признание се:

Од областа на науката – Маргарита Цаца Николовска, судија, за придонес во унапредување, промоција и заштита на човековите права и слободи, развој на демократијата и владеење на правото.

Од областа на образованието и воспитанието – Аџи Фида, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на спортот – Андреј Стојановски, пливач, за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби.

Од областа на културата – Марко Коловски, музиколог, за значајни долгогодишни остварувања во областа на музичкото творештво и Ресул Шабани, писател и книжевен преведувач, за превод на Антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.

Од областа на уметноста – Рамадан Шукри, академски музичар, за придонес во областа на уметноста, културата, образованието и воспитанието.

Од областа на публицистиката – Сефер Тахири, новинар, за 20-годишен придонес во развојот на новинарството и публицистиката.

Од областа на архитектурата – Даница Павловска – Циги, архитект, за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.

Од правните лица наградени се: ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ Скопје за долгогодишна успешна работа и Противпожарната бригада на Град Скопје за успешна работа и голем придонес во заштитата и спасувањето на граѓаните од пожари, природни непогоди и други несреќи.

За ученици и студенти наградата им припадна на Арда Мустафаоглу, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот и на Мила Коцевска, Софија Стојменова, Нена Гиевска, Марија Гавриловиќ, Петар Тодоровски и Ведран Лауренчиќ, ученици во ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје, за хуманост-укажување прва помош на лице во градски автобус.

Наградените се избрани со тајно гласање што го спроведе Комисијата именувана од Одборот, во состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Газанфер Бајрам, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Севдаиљ што Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Љубиша Станковиќ, Даница Стојанова и Роландо Кутиров.
 

Содржината е прочитана 39 пати.