Бизнис вести

Од четврток се воспоставува авиолинија Скопје – Атина

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник

среда, 31 октомври 2018

По повеќе од 10 години утре од Скопскиот аеродром повторно ќе биде воспоставена директната авионска линија меѓу Скопје и Атинав. Во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето директни летови помеѓу главните градови на Македонија и на Грција што ќе ги опслужува грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines)

Од концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, ТАВ Македонија најавија обраќања на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот за земски операции во „Aegean Airlines“ Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а од Скопје во 9,45 по македонско време.

Во четврток летот од Атина е во 18,40 часот, а од Скопје во 19,25 часот.

Од Скопје до Атина, и обратно ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

 

Содржината е прочитана 28 пати.