Инфо

Од утре жичарницата на Водно со зимско работно време

Жичарницата ќе биде отворена од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16,30 часот, а последно возење од горе надолу во 16,45 часот

среда, 31 октомври 2018

Од утре 1 ноември па до 1 март наредната година жичарницата на Водно ќе работи со зимско работно време. Тоа значи дека ќе биде отворена од 10 до 17 часот, при што последното возење нагоре ќе биде во 16-16,30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16,45 часот.

И натаму жичарницата нема да работи секој понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Од ЈСП информираат дека од утре ќе има измени и во возниот ред на линијата со број „25“ која соорбача од Транспортен центар до Средно Водно. Измените се состојат во тоа што се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16,20 и во 17,20 часот, односно, поаѓањата од Средно Водно во 16,40, во 17,40 и во 18,40 часот.

 

Содржината е прочитана 101 пати.