Бизнис вести

Избрани новите членови на Одборот на директори на АмЧам

АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница

среда, 31 октомври 2018

На 18. Генерално собрание на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) во присутсво на 120 претставници од компаниите членки на Комората беа избрани пет нови членови на Одборот на директори.

Маја Филипчева, менаџер за даноци и аутсорсинг во „ Грант Торнтон Македонија“, Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком, Владимир Косијер, генерален директор во Пивара АД Скопје, Љупчо Георгиев, генерален менаџер на „Мајкрософт Македонија“ и Марјан Петрески, заменик ректор за истражување на Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје се луѓето што ќе ја водат Комората во наредниот период.

„АмЧам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање настани за размена на знаења, како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија. Прашањата како што се јакнење на транспарентноста и предвидливоста на политиките и подобрување на квалитетот на образованието, се дел од приоритетите на членовите на Одборот на директори на АмЧам, Извршната канцеларија и членовите на комитетите“ рече Славко Пројкоски, актуелен претседател на Одборот на директори

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли нагласи дека АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата.

 

Содржината е прочитана 51 пати.