Инфо

Денеска промоција на програмата „Мали и Возрасни Генијалци“

Програмата е лиценцирана и специјализирана за развој на животните вештини со висока емоционална интелигенција на децата и развој на нивните природни и стекнати таленти. Тоа е едукативна семејна програма во сопственост на „EQ Excellence“, базирана на 35 години научно потврдени техники и методи

среда, 31 октомври 2018

Денеска од 18 до 20 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе биде промовирана програмата за развој на емоционална ителигенција и таленти кај деца и млади „Мали и Возрасни Генијалци“, во организација на „EQ Excellence“. Програмот е лиценциран и специјализиран за развој на животните вештини со висока емоционална интелигенција на децата и развој на нивните природни и стекнати таленти.

„Мали и Возрасни Генијалци“ е едукативна семејна програма во сопственост на „EQ Excellence“, базирана на 35 години научно потврдени техники и методи кои потекнуваат од светски реномираните научници: Даниел Големан и Џошуа Фридман и организацијата „Six Seconds“, чиј нетворк лидер е „EQ Excellence“. Работејќи по нивните модули, методологии и програми за развој на емоционална и социјална интелигенција, „EQ Excellence“ креира високо квалитетен и лесно применлив програм за правилен раст и развој на талентирани деца и млади, но и за нивните родители на кои им е неопходна поддршка при насочување на развојот на своите деца.

На овој настан ќе разберете
• Што значи да си надарен, а што да си талентиран
• Кои се заедничките проблеми со кои се соочуваат талентираните деца и млади
• Како може да ја развиваме емоционалната интелигенција на децата
• Кои се најуспешните начини со кои може да им помогнеме на нашите деца при развој на нивните таленти
• Некои решенија кои ги нудиме за развој на емоционалната интелигенција и талентите кај децата и младите

Организаторот појаснува дека ова ќе биде современ и модерен настан на кој присутните ќе ја почувствуваат енергијата на тренерите, придружени со DJ и нивна презентација на нивните најдобри постигнувања со видео и аудио снимки во позадина.

Домаќини и говорници на настанот ќе бидат
1. Нела Јолеска – Емоционална Интелигенција (EQ) тренер и сопственик на лиценцираниот програм „Мали и Возрасни Генијалци“
2. Јордан Плевнеш - (Уметност), ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија, Скопје-Париз-Ротердам-Есен, македонски писател и дипломат
3. Јилмаз Деликташ (Математика) - тренер на најдобрите математичари на меѓународни олимпијади, професор по математика во колеџот „Јахиа Кемал“
4. Ксенија Чаминска - (Финансиска Интелигенција) сопственик на „Professional Account“
5. Огнен Ивановски - (IT) програмирање и роботика, IT експерт во „Netcetera“ и меѓународно наградуван професионалец за неговите IT способности
6. Стефче Алушовски - професионален ракометар и екс директор на македонската машка ракометна репрезентација.

Влезот за сите заинтересирани за овој настан е бесплатен, но со задолжително пријавување на мејл training@eq.mk или на тел. 078 242-365.

Фејсбук линк е https://www.facebook.com/events/166268994278734/
 

Содржината е прочитана 29 пати.