Инфо

Пораст на индустриското производство за 4,5 проценти

вторник, 30 октомври 2018


Индустриското производство во септември е зголемено за 4,5 отсто во споредба со истиот месец лани, за 5 проценти за периодот јануари – септември, објави Државниот завод за статистика.

Раст е забележан во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 19,2 проценти, во Рударство и вадење на камен за 4,7 проценти и во Преработувачка индустрија за 3,6 отсто.

Според главните индустриски групи, раст е забележан кај групата Енергија за 15,5 проценти, кај Капитални производи за 14,9 и кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1 отсто.

Опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка.
 

Содржината е прочитана 22 пати.