Култура

Милица Стојанова ја доби актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

На актерката Милица Стојанова синоќа на сцената на Велешкиот театар и беше врачена актерската награда за животно дело на „Петре Прличко“ за 2015 година.

понеделник, 09 ноември 2015

 На актерката Милица Стојанова синоќа на сцената на Велешкиот театар и беше врачена актерската награда за животно дело на „Петре Прличко“ за 2015 година. Наградата и ја врачи градоначалникот на oпштина Велес, Славчо Чадиев.

Стојанова истакна дека наградата и е многу драга и и значи бидејќи е посветена на бардот на македонското глумиште Петре Прличко, со кој играла на сцена.

Потенцира дека дека во својата кариера имала среќа како дел од таа втора повоена генерација актери да учи и глуми со доајенот на македонското глумиште Петре Прличко и останатите врвни македонски актери, а кои, како што рече, беспоштедно им го пренесувале искуството на актерската игра на сцената.

Инаку во чест на наградената, Велешкиот театар ја изведе претставата „Спанаќ со пржени компири“ од унгарскиот драмски автор Золта Егреши во режија на младиот Ненад Витанов. Во неа настапија актерите: Жарко Спасовски, Владимир Тулиев и Фаик Мефаиловски.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 405 пати.