Инфо

Новогодишна прослава за деца во Музејот на илузии

Во времетраење од два часа просторот на Музејот може да се закупи по поволна цена и тоа за групи од по 20 и по 40 деца

вторник, 30 октомври 2018

Новоотворениот Музеј на илузии „Илузиум“, кој е единствен изложбен и забавен простор од ваков вид во Скопје и во Македонија, за крајот на оваа година нуди единствена можност за новогодишна прослава за децата. Во времетраење од два часа просторот на Музејот може да се закупи по поволна цена и тоа за групи од по 20 и по 40 посетители односно деца.

Музејот „Илузиум“ располага со простор од 500 квадратни метри кој се протега на три нивоа. На првото ниво се наоѓа кафе-бар, сувенирница и простор во кој децата можат да ја поттикнат мисловната активност преку решавање на дрвени сложувалки. На второто ниво со содржини како двојно огледало, илузионистичка чинија и столче, изложбен галериски простор со 50-ина фотографии со геометриски халуциогени антрополошки загодочни илузии, како и 3D слики со светлосен сензор, додека на третото ниво се наоѓаат обратни соби, AMES соба каде се гледа илузија на висина (Џин и Џуџе), гравитациска соба и 3D принт соби кои ве внесуваат во друга реалност.

Разгледувањето на Музејот е секогаш во придружба на специјализирани и обучени лица, кои даваат објаснување на поставките, фотографиите, предметите и објектите во Музејот.

Музејот на илузии „Илузиум“, се наоѓа во строгиот центар на Скопје, на улицата „Максим Горки“ бр.10, спроти Швајцарска амбасада.


 

Содржината е прочитана 34 пати.