Мода

Ребрендирана успешната приказна на брендот „Кадора“

Целта е да се истакне дамата, елегантноста со совршен крој, префинети материјали споени во уникатен дизајн со длабоко врежан белег на „Кадора“

вторник, 30 октомври 2018

На 28 март оваа година розата по име Кадора расцути повторно и ја доживеа својата пролет после долги години. Успешната приказна годинава беше ребрендирана токму во месецот кој е симбол на расцутување.

„Брендот ’Кадора’ благодарение на мојата мајка Сузана е создаден 1993 година во Куманово“, вели дизајнерката Никита Алексовска, која израсната во кројачко семејство ги има научено сите тајни на совршениот крој за да изгради успешна приказна.

Токму розата е нешто друго освен име на фамилија прекрасни рози по име Кадора. Токму така, розата, цветовите се наш заштитен знак.

После жената, цветот е најбожествена креација.

„Убавината, миризбата, шармот, новиот почеток, романтиката се оние карактеристики кои ја поврзуваат жената со цветовите. Нашата цел на постоење не се светските трендови, не е модата која бледнее, како што знаеше да каже големата Коко Шанел. Стилот е тој кој останува вечен“, велат од модното студио „Кадора“.

„Кадора“ сака да и овозможи на секоја жена да се чувствува инфериорно, романтично, сензибилно, шармантно и, пред се, удобно носејќи ги креациите на Кадора.

Ние заедно со нашите клиенти настојуваме да изградиме доберба и со заеднички пристап да дојдеме до совршена креација која ќе остави белег на убавите моменти кои вечно ќе ги паметат.

Нашата цел е да ја истакнеме дамата, елегантноста со совршен крој, префинети материјали споени во уникатен дизајн со длабоко врежан белег на „Кадора“.

Да бидеме искрени, животот е многу краток за носење здодевна и еднолична гардероба.

Софистираните креациите на „Кадора“ ќе ви овозможат да бидете незаменливи, затоа секогаш мора бидете различни, тука сме да ви излеземе во пресрет.

Нашето стилско романтично студио се наоѓа во самиот центар на самиот паркинг на Сојуз на синдикати.
 

Содржината е прочитана 46 пати.