Бизнис вести

Промоција на македонските винарии во САД, Сингапур и Данска

При преставувањето на македонските вина посебен акцент беше ставен на сортата „Вранец“, како најголем репрезент на македонките вина

вторник, 30 октомври 2018

По промоциите во Сингапур и во САД, Министерствотото за земјоделство шумарство и водостопаство во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ на почеток на ноември ќе одржи промоција на македонското вино и во Данска.

Промотивните настани во САД се одржаа во Њујорк, Њу Џерси и во Чикаго каде седум македонски винарници („Тиквеш“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Попов“ и „Езимит“) заеднички ги презентираа своите вина пред дистибутери, увозници, ХОРЕКА и други професионални купувачи на вино на амриканкиот пазар. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата „Вранец“, како најголем репрезент на македонките вина и за кое беше организирана Мастерклас презентација шт ја водеше реномираниот вински сомелиер Роџер Бисел.

Промотивните настани се финансиски поддржани од ресорното Министерство. Инаку, овие настани во САД се организираат во континуитет веќе 6 години и придонесоа за постепен влез на повеќе македонски винарници на овој пазар кој е најголем увозник на интернационални вина. Според податоците за извоз, македонското флаширано вино на овој пазар постигнува најголема извозна просечна цена по единица производ, 4,1 евра за 0,75 литри.

Промотивните настани на македонското вино во Сингапур под слоганот „Богатство од стариот свет“ беа специјално наменети за промоција на македонските вина, каде посетителите имаа можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарници. На промоцијата присуствуваа сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија.

 

Содржината е прочитана 31 пати.