Инфо

И животниот век на Македонците - 75,4 години е меѓу најниските во Европа

Според „Еуростат“ најдолг животен век во Европа се очекува да имаат Швајцарците 83,7 и Шпанците 83,5 години, а најкраток Бугарите и Литванците 74,9 години

понеделник, 29 октомври 2018

Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ кои во просек живеат 81 година, покажува истражувањето на „Еуростат“.

Најдолг животен век во Европа, според проценките на „Еуростат“, се очекува да имаат Швајцарците 83,7 години и Шпанците 83,5 години, а најкраток Бугарите и Литванците 74,9 години.

Од државите во регионот најдолг очекуван животен век имаат Грците 81,5 и Словенците 81,2 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,5, на Црна Гора 76,5, а на Србија 75,7 години.

По Швајцарците и Шпанците, најдолгo во Европа ќе живеaт Италијанците 83,4 и Французите 82,7 години.

Податоците што ги објави „Еуростат“ се изработени врз основа на очекуваниот животен век на новородените деца во Европа во 2016 година.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 27 пати.