Инфо

Горивата поевтинуваат за 1,5 до 3,5 денари од литар

понеделник, 29 октомври 2018

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука да ги намали цените на горивата и тоа за 3 до 3,5 денари од литар кај бензините и за 1,5 денари од литар дизел.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 3,5 денари и ќе изнесува 73 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден и ќе се продава по 71,50 денари литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари со што литар дизел ќе чини 67,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 56,50 денари литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 денари по килограм и ќе изнесува 37,414 денари.

 

Содржината е прочитана 48 пати.