Инфо

Вакцинирањето против грип започнува во првата недела на ноември

понеделник, 29 октомври 2018

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне да се спроведува од првата недела на ноември во центрите за јавно здравје низ државата. Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.

Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. За останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, во тек е утврдување на износот што ќе треба да го платат, информираат од Министерството за здравство.

Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.
 

Содржината е прочитана 22 пати.