Инфо

Расте процентот на сиромашни, лани 22,2 отсто од населението било сиромашно

Во 2017 година во сиромаштија живееле 38,7 отсто од невработените, 9 отсто од вработените биле сиромашни, а 7,7 проценти од пензионерите живееле во сиромаштија

петок, 26 октомври 2018

Бројот на сирмашни граѓани во Македонија расте од година во година, па минатата година безмалку четвртина од населението било сиромашно.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017 година 460.000 граѓани на Македонија живееле под прагот на сиромаштијата. Стапката на сиромаштија лани изнесувала 22,2 отсто и е за 0,3 отсто повисока во споредба со претходната година, кога изнесувала 21,9 проценти, што значи дека во 2016 година имало околу 445.000 сиромашни граѓани.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.

Според Државниот завод за статистика, сиромашните граѓани имале месечни приходи од 7.510 денари или 15.771 денар за четиричлено семејство.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година била 20 проценти. Во сиромаштија лани живееле 38,7 отсто од невработените, 9 отсто од вработените биле сиромашни, а 7,7 проценти од пензионерите живееле во сиромаштија.

 

 

Содржината е прочитана 25 пати.