Инфо

Делегација од збратимениот град Дрезден во посета на Град Скопје

На средбата на претставниците на двата града се дискутирало за продлабочување на соработката, пред се, во областа на културата, економијата, образованието, противпожарната заштита и туризмот

петок, 26 октомври 2018

Повеќечлена делегација на збратимениот германски град Дрезден деновиве престојува во официјална посета на Скопје. Делегацијата вчера се сретна со заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи и со претставници на градската администрација. На средбата се дискутирало, меѓу другото, за продлабочување на соработката меѓу двата збратимени града, пред се, во областа на културата, економијата, образованието, противпожарната заштита и туризмот.

Од Град Скопје информираат дека една од темите била и кандидатурата на Скопје да биде Европска престолнина на културата во 2028 година, бидејќи Дрезден аплицира за истата титула во 2025 година, а станало збор и за активностите во рамки на европскиот проект MAtchUP, проект за „паметен град“ (Smart City) во кој учествуаат и Скопје и Дрезден.

За време на престојот во Скопје, германската делегација составена од заменик-градоначалникот на Дрезден задолжен за ред и безбедност, Детлеф Сител, командантот на Противпожарната бригада на Дрезден, Абдреас Румпел, советникот за заштита од пожари и од катастрофи, Михаел Катц и претставничка од Одделението за меѓународна соработка на Дрезден, Регин Крамер посети повеќе средни училишта и повеќе бази на Противпожарната бригада на Скопје.
 

Содржината е прочитана 33 пати.