Инфо

Рокот за поднесување ДДВ-04 пријава продолжен до 29 октомври

петок, 26 октомври 2018

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека го продолжи рокот за поднесување даночна пријава ДДВ-04. Поднесувањето на ДДВ-пријавата се продолжува за два работни дена, што значи дека краен рок за тоа ќе биде 29.10.2018 година.

Од УЈП информираат дека причина за донесување на одлуката за пролонгирање на рокот е отежнато поднесување даночни пријави преку системот е-даноци на 24 и 25 октомври годинава.
 

Содржината е прочитана 44 пати.