Инфо

Нова политика за багаж во „Визер“ од 1 ноември

Од авиокомпанијата информираат дека новината се введува со цел да им го олесни патувањето на патниците и да се намалат одложувањата поврзани со багажот

петок, 26 октомври 2018

Водечката нискобуџетна компанија во Централна и Источна Европа „Визер“ од 1 ноември годинава воведува нова политика за багаж со цел да им го олесни патувањето на патниците и да се намалат одложувањата поврзани со багажот.

Имено, од 1 ноември секој патник на сите летови на „Визер“ има право да понесе една бесплатна рачна торба со димензии 40x30x20 сантиметри во кабината, додека оние патници кои купуваат WIZZ Priority ќе имаат можност во кабината да носат мал куфер со големина 55x40x23 сантиметри. Од авиокомпанијата информираат дека врз основа на повратните информации од купувачите и менувањето на патните правци, „Визер“ воведе куфер со тежина од 10 килограми за check-in со цени почнувајќи од околу 7 евра.

„Новата политика на авиокомпанијата за јасен и фер багаж е политика на избор за нашите патници. Ние ги охрабруваме нашите патници да се спакуваат паметно и да купат WIZZ Priority, кој вклучува торба за во кабина (40x30x20 см), мал куфер (55x40х23 cm) за во кабина, приоритетен check-in и приоритетен влез во авионот почнувајќи од 5 евра. Резервациите без WIZZ Priority направени пред 10 октомври за периодот на патување по 1 ноември 2018 година ќе бидат надградени со бесплатен check-in куфер од 10 килограми, додека резервациите со check-in багаж ќе бидат надградени со WIZZ Priority“, велат од „Визер“.

 

Содржината е прочитана 85 пати.