Инфо

„Макпетрол“ предупредува за лажен фејсбук профил и на лажна наградна игра

Фејсбук страницата со име „Макпетрол Ултра“ на која има објавено наградна игра не е официјална страница на компанијата, туку е злоупотребено името и логото на „Макпетрол“

среда, 24 октомври 2018

„Макпетрол“ АД ја предупреди јавноста дека Фејсбук страницата „Макпетрол Ултра“ не е нивна официјална страница, туку дека е злоупотребено името и логото на компанијата.

Станува збор за фејсбук страница со име „Макпетрол Ултра“ на која има објавено наградна игра којашто, наводно ја организира токму „Макпетрол“.

„Ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа Фејсбук страница не е во организација на ‘Макпетрол АД‘ и шири лажни информации, односно ги доведува потрошувачите во заблуда. Фејсбук страницата со име ‘Макпетрол Ултра‘ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со ‘Макпетрол АД‘“, се вели во соопштението на компанијата.

Оттаму ги поттикнуваат граѓаните да ги следат официјалните интернет канали на компанијата www.makpetrol.com.mk, www.verna.mk, Фејсбук страницата „Макпетрол Ultra“, како и Твитер профилот „MakpetrolUltra“, преку кои заинтересираните потрошувачи можат да се информираат за најновите производи, акции и поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.
 

Содржината е прочитана 60 пати.