Бизнис вести

„Витаминка“ успешно претставена на саемот СИАЛ во Париз

Македонските производи предизвикуваат голем интерес кај големи странски компании присутни на Саемот, со оглед на досегашната репутација на „Витаминка“ и нејзиниот пласман на широкиот спектар солени и слатки производи

среда, 24 октомври 2018

Водечката македонска кондиторска компанија „Витаминка“ од Прилеп е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2018.

Од компанијата информираат дека македонските производи предизвикуваат голем интерес кај големи странски компании присутни на Саемот, со оглед на досегашната репутација на „Витаминка“ и нејзиниот голем пласман на широкиот спектар солени и слатки производи. Се прават суштински разговори за влегување во нови договори.

„Повеќегодишното присуство на Меѓународниот саем СИАЛ во Париз дава резултати. Сепак, станува збор за најголемиот настан за храна. Секоја година бројот на изложувачи ја надминува бројката од 7.000 од над стотина држави. Тука не само што има голем потенцијал, туку тој потенцијал го искористивме за почетни преговори за соработка со големи добавувачи. Во исто време, на овој начин ги следиме светските трендови во производство на храна и тука сме за размена на искуства, запознавање на нови пазари и нови начини на комуникација“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во „Витаминка“.
 

Содржината е прочитана 85 пати.