Инфо

Студирај во Пекинг, оствари ги твоите соништа!

„Студии во Пекинг 2018“ е настан што се организира за прв пат во Скопје и е дел од од караванот кој поминува низ повеќе земји

вторник, 23 октомври 2018

Денеска во Скопје, со почеток во 9 часот во хотелот „Холидеј Ин“ ќе се одржи настанот „Студии во Пекинг 2018“, како дел од караванот кој поминува низ повеќе земји. Организатор е ВЕКО- Алијансата за меѓународно образование и култура од Пекинг под покровителство на Комисијата за образование на градот Пекинг. Во Македонија се организира во соработка со ЕАЦ Скопје.

Настанот „Студии во Пекинг 2018“ има два дела: официјален со програма и саемски дел за промоција на присутните универзитети, програми и можности што ги нудат. За прв пат во Македонија на високо организирано ниво доаѓа официјална делегација на кинески универзитети и други образовни институции од градот Пекинг која брои 13 државни институции со интернационален карактер.

„Студии во Пекинг“ (Beijing Education Exhibition) овозможува информирање на заинтересираните за образовните можности во Пекинг, но иницира и идна меѓусебна соработка меѓу универзитетите и другите образовни институции. Претходно, овој настан е организиран во 13 земји и тоа: Чешка, Полска, Германија, Франција, Естонија, Латвија, Литванија, Србија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Казахстан, Киргистан и Узбекистан.

Во официјалниот дел ќе има обраќање на Шефот на делегацијата - заменик раководител во Одделот за високо образование при Комисијата за образование на градот Пекинг, претставник од Кинеската амбасада во РМ и заменик министерот за образование и наука на Македонија, Петар Атанасов. Поканети се претставници од универзитетите во Република Македонија (ректорати, деканати, факултети), од министерствата, средните училишта, студенти и средношколци.

За подетални информации секој заинтересиран може да се обрати на Маја Петрушева, менаџер, ЕАЦ Скопје на телефонскиот број 075 390 218 или на адресата oicsk@oic.org.mk
 

Содржината е прочитана 53 пати.