Бизнис вести

Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ

понеделник, 22 октомври 2018

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија беа именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„НБРМ изразува задоволство што и овојпат, Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против и без ниту еден воздржан застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка. Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава“, информираат од НБРМ.
 

Содржината е прочитана 109 пати.