Инфо

Вино Скоп годинава со ново име Skopje Wine Expo

Фестивалот на виното ќе се одржи од 24 до 27 октомври на плоштад „Македонија“

понеделник, 22 октомври 2018

Традиционалниот Фестивал на виното „Вино Скоп“ годинава има ново интернационално име „Skopje Wine Expo“, нов концепт и за убителите на виното ќе понуди нови содржини за љубителите на виното.

„Skopje Wine Expo“ ќе се одржи од 24 до 27 октомври на плоштад „Македонија“, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Фестивалот кој има за цел промоција и афирмација на македонските вина и оваа година на посетителите ќе им понуди различни видови врвни црвени, бели или розе вина, вкусни закуски и богата музичка програма.

На годинашниов „Skopje Wine Expo“ љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и разговараат за сè она што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети што ќе бидат послужувани како прилог со виното.
 

Содржината е прочитана 42 пати.