Култура

Филмот „Златна петорка“ доби награда за најдобар странски филм на фестивалот „Cardiff International Film Festival“ во Велс

Жири од еминентни филмски професионалци му ја додели наградата на македонскиот филм во конкуренција од 2.000 апликанти

понеделник, 22 октомври 2018

Филмот „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски ја доби наградата за најдобар странски филм на реномираниот филмски фестивал во Велс „Cardiff International Film Festival“.

Жири составено од еминенти филмски професионалци ја додели наградата на македонскиот филм во конкуренција од 2.000 апликанти.

Со учество на над 30 фестивали и освоени 11 награди, „Златна петорка“ е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија. Филмот веќе трета сезона патува по фестивали и досега го виделе над 80.000 гледачи.

Сценариото за овој македонски филм е инспирирано од вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и на Горан Керкез. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др. Продуцент е Дејан Милошевски - „Револушн“ од Скопје.
 

Содржината е прочитана 50 пати.