Инфо

Скратена трасата на автобусот со број „28“

Причина за кратење на трасата е затворањето на комплексот „Македонско село“, поради што се менува почетната станица на автобусот, но истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези

петок, 19 октомври 2018

Од понеделник автобусот на ЈСП што сообраќа на линијата број „28“ ќе има изменета, скратена траса.

Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на линијата „28“ ќе биде почетната станица на линија 4А (улица „Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези („Македонско село“). На линијата ќе сообраќа минибус.

Од ЈСП информираат дека причина за кратење на трасата е затворањето на комплексот „Македонско село“, а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

Трасата на линијата е: Терминал „4А“ -улица „Лондонска“, преку улица „М.Т.Гологанов“, улица „В. В. Чакаларов“, терминал на „57“ (Козле), терминал Горно Нерези („Македонско село“) и обратно.

 

Содржината е прочитана 51 пати.