Инфо

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност

Во извештајот за 2018 година што го изработува Светскиот економски форум врз основа на 12 критериуми, се вклучени 140 земји

среда, 17 октомври 2018

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност, што го изработува Светскиот економски форум.

Во извештајот за 2018 година се вклучени 140 земји. Светскиот економски форум го изработува извештајот врз основа на 12 критериуми: продуктивност, институции, инфраструктура, развој на ИКТ сектор, макроекономска стабилност, здравство, образование, технолошка подготвеност, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, бизнис динамика и иновативност.

Македонија е најдобро позиционирана според критериумот бизнис динамика на 57 место, а најлошо според големината на пазарот на 109 место.

Најдобро рангирани во Извештајот на Светскиот економски форум за глобалната конкурентност за 2018 година се САД, Сингапур и Германија, а најлошо Хаити, Јемен и Чад.

Преземено од МИА

 

Содржината е прочитана 30 пати.