Култура

Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59. „Охридско лето“

вторник, 16 октомври 2018

Словенечкиот уметник со светско реноме, Дарко Брлек ќе присуствува на 59. издание на „Охридско лето“. Ова било договорено на вчершната средба на директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот, Нина Момировска со директорот на Љубљански фестивал, Дарко Брлек

На средбата што се одржа во Љубљана, биле разменети искуства и биле договарани идни планови и проекти на двата фестивали. Притоа директорите Поповиќ и Брлек договориле заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.

Дарко Брлек е голем вљубеник во класичната музика кој веќе 27 години раководи со Љубљански фестивал.
 

Содржината е прочитана 47 пати.