Инфо

Горивата поскапуваат од еден до два денари по литар

Од ноќеска на полноќ литар БС-95 ќе чини 74,50 денари, БС-98 ќе се продава за 76,50 денари, а дизелот за 69,00 денари по литар

понеделник, 15 октомври 2018

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми малопродажната цена на горивата во просек за 3,62 отсто.

Со тоа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден, односно, за 1,50 денари по литар, додека на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство за два, односно, за 2,5 денари по литар.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по 74,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 76,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 58,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 денари за килограм и сега ќе се продава по 38,409 денари за еден килограм.
 

Содржината е прочитана 58 пати.